АНАТОМИЈА НА РЕВОЛУЦИЈАТА – Театарско дело што поттикнува на размислување
Тетовскиот Театар е во подготовка на едно значајно уметничко случување кое се очекува да остави длабока трага на македонската театарска сцена. Под режисерската палка на познатиот Бутринт Паша, наскоро ќе се одржи премиерата на претставата „Анатомија на револуцијата“, дело со силен драмски интензитет, базирано на текстот „13“ од британскиот драматург Мајк Бартлет.
Премиерата се очекува наскоро. Публиката е поканета да биде дел од ова уметничко доживување кое ветува емоции, размислување и вистинска уметност.





